Македонија

Филипче за заблагодари на НР Кина: По 500.000, се очекува да пристигнат и останатите количини

Со авион на скопскиот аеродром, пристигнаа првата голема пратка на вакцини во Макеоднија. Тоа е пратката од НР Кина, а станува збор за половина милион вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче се заблагодари за Кина како и Амбасадрото во земјава.

„Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, напиша Филипче на Фејсбук.

Ова е прва поголема пратка на вакцини која пристигнува во Макеоднија. Станува збор за вакцината Синовак, втора произведена во Кина, првата го носи името Синофарм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни