ФОТО Судницата премала за обвинетите, еве како се одвива судењето за трагедијата во Пулс

Во специјалната судница во Идризово денеска продолжува првото рочиште за една од најтрагичните несреќи во поновата историја – пожарот во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, меѓу кои и шест деца.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Судницата е целосно исполнета, а атмосферата е напната и тешка, особено со оглед на присуството на родителите на загинатите, обвинетите и бројните сведоци.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Судијката Дијана Груевска Илиевска на самиот почеток постави строги правила за текот на процесот, барајќи дисциплина и предупредувајќи дека секое непотребно барање за одлагање ќе биде санкционирано.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Таа истакна дека судот е подготвен да обезбеди редовно, транспарентно и професионално судење.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Обвинетите, кои се вкупно 34 физички и 3 правни лица, денеска се присутни во судницата под зголемено обезбедување.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Меѓу нив се поранешни сопственици и менаџери на клубот, лица од обезбедувањето, поранешни градоначалници и општински инспектори, како и поранешни директори на државни институции и претставници на Министерството за економија.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Се очекува обвинителството да го претстави воведниот дел од доказите, а во следните рочишта да започне сослушувањето на над 200 сведоци.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Родителите на загинатите ги следат случувањата со видлива тага и тензија, некои држејќи фотографии од своите деца.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Дел од нив истакнаа дека очекуваат „правда по секоја цена“ и дека нема да дозволат процесот да се развлекува.