ФОТО: Храбри словенечки пожарникари спасуваат деца од потопена градинка

Храбриот потег на пожарникарите во словенечкиот град Менгеш, кои спасија деца од градинка откако водата ја поплави зградата, го воодушеви целиот регион.

Членовите на ДВД Менгеш споделија фотографии на нивната официјална Фејсбук страница на кои се гледа како ги изнесуваат децата од градинка.

Ги известуваме родителите на децата од градинката во Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца на безбедно“, се наведува на Фејсбук.

На сликите може да се види дека пожарникарите носат по едно дете додека водата им набабрила до половината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното