Авионот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров влезе во македонскиот воздушен простор.
Сепак ја одбегна соседна Бугарија и рутата се одвиваше преку соседна Грција.
Претходно, излезе информација дека Бугарија дала согласност за прелет само за Лавров, но не и за неговата делегација.
Инаку, тој утре ќе учествува на 30-министерски совет на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.
Поради неговото доаѓање, членките Украина, Естонија, Литванија, Летонија и Полска нема да присуствуваат на овој совет.

