ФОТО: Реџепи со обезбедување во Собрание – на медиумите забрането да снимаат

Поранешниот пратеник на Беса во Собранието пристигна на прес конференција со обезбедување кое најверојатно е од Министерството за внатрешни работи.

Кастриот Реџепи на прес конференцијата рече дека не се чувствува безбедно во Собранието.

„Сакав да дојдам на седницата во четвртокот, да земам збор и да гласам против рушење на владата. Но со оглед на тоа што пратениците од мнозинството од СДСМ и од ДУИ кажаа дека нема да присуствуваат, ќе бев сам на таа страна на собраниската сала. Ќе бев сам во таа еуфорија. Проценив дека ќе бидам мета на вербални, па и на физички напад во такви моменти, кои според искуството, секогаш знаеле да бидат тензични. Што се однесува на конкретните закани, јас се извинувам што така се оддалечив и што ми беа исклучени телефоните. Имав добиено пораки, проценка беше дека треба да добијам и физичко обезбедување“, одговара на бројни прашања Кастриот Реџепи.

На медиумите во Собранието беше срепречено движењето и снимањето по завршувањето на прес конференцијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното