ФОТО Родени близначиња лемури во Зоолошка градина Скопје

Во Зоолошка градина Скопје се родија две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност.

Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Тие живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе.

Интересно е што кај лемурите владее матријархат – женките се главни во своите групи, што ја покажува важната улога на мајките и женските во животот на овие животни.

Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот на Зоолошка градина Скопје, кој континуирано работи на добробитта и развојот на животинските видови во своето живеалиште.