Познатата галија која се наоѓа во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје се запали.
Над неа може да се забележи голем црн чад.
Засега не е познато поради кои причини избувнал пожар.
Видео можете да го погледнете ТУКА!
Инаку, пред неколку месеци пожар избувна и во другата галија во реката Вардар која се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј ин“.
„Пожарот е изгаснат за десетина минути, поради брзата интервенција не се прошири низ целиот брод“, посочија тогаш од противпожарната екипа.