ФОТО: Синот на Рамиз Мерко купил ново БМВ кое чини над 150 илјади евра?!

Алијанса за Албанците Струга преку соопштение обвини дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил.

May be an image of car, road and text that says 'MCar Ca'

„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.

May be an image of car and road

„За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400,00 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, сам по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко му донесе на Струга“, додаваат од АА.

May be an image of 1 person and car

Од таму додаваат:

За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА.

May be an image of car

Па драги почитувани стружани, Среќна Нова 2023 година и…, да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга.

May be an image of 1 person, car and road

Да ве потсетиме на изјавата од пред некоја година: