Во полноќното пукање во Чаир едно лице загина, додека друго беше повредено.
4news.mk дознава дека убиениот е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку од ДУИ кој осум години беше директор на Техничка инспекција.
Од МВР го потврдуваат настанот.
„На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, прри што било употребено огнено оружје“, велат од МВР.
Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пак било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото н апочинатиот било дадено на обдукција.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.ВИДЕО Падна првиот снег во регионот – се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег
- 3.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 4.Нови правила за патување во ЕУ: Што треба да знаат македонските граѓани?
- 5.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево