Германските медиуми за цените во Хрватска: „25 евра за 10 ќебапи, замрзнато месо и пиво“

Многу туристи кои годинава решија да летуваат во Хрватска беа изненадени од претерано високите цени на храната, сместувањето, лежалките и се останато.

Германските медиуми ТЗ и Меркур ја пренесоа изјавата на Барбара Марковиќ, претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување, која вели дека Хрватска е за 25 проценти поскапа од конкуренцијата – не само за ноќевања, туку и за сите други релевантни понуди.

Таа напомена и дека Хрватска сега е поскапа од Шпанија и Грција, а цените секој ден се повисоки.

„Десет невкусни ќебапи, грст замрзнато месо и мало пиво ме чинеа нешто помалку од 25 евра. Сметката ја заокружив на 25 евра, но големата сума навистина ми беше тешко за стомакот“, вели турист кој бил на Брач. .

Некои треба да трошат и до 40 евра дневно за лежалки, што е навистина вртоглава бројка за оваа услуга.

Цените се исти, ако не и повеќе од овде“, изјави туристот за австриските медиуми.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното