Германските медиуми збеснаа: „Хрватскиот туризам се претвори во грабеж“

Анализирајќи ги цените на хрватското крајбрежје, RTL го поставува прашањето дали Хрватска ќе остане достапна за мнозинството туристи или ќе стане дестинација резервирана за богатите. Значително поскапување има и на различни услуги, меѓу кои и ресторани и угостителски објекти.

Според RTL, може да се забележи дека трошоците во Хрватска значително се зголемени. Дури и за основни работи како топка сладолед, туристите сега мора длабоко да копаат во нивните џебови. Сепак, ова поскапување не е ограничено само на сладолед – значително се зголемија и цените на храната, пијалоците и оброците во рестораните, пишува германскиот портал.

Хрватска некогаш беше популарна по пристапните цени, привлекувајќи туристи од целиот свет. Сепак, ситуацијата се промени, а земјата стана едно од најбараните одморалишта. Сега прашање е дали тој тренд е одржлив со оглед на растечките цени, продолжуваат Германците. На пример, во Дубровник цената на топка сладолед достигна дури пет евра, додека во Ровињ плескавица чини 22 евра. Се наведува и примерот на Шибеник, каде што цената на Aperol Spritz за деца е 11 евра.

Статијата ги истражува причините за ова зголемување на цената. Еден од факторите е високата стапка на инфлација во Хрватска во споредба со другите земји од Европската унија. Исто така, се забележува дека се уште се чувствуваат последиците од пандемијата, а воведувањето на еврото на почетокот на годината дополнително влијаеше на корекција на цените.

Како заклучок, RTL пишува дека високите цени не се само во Германија и сугерира дека уживањето во омилените деликатеси како коктели или сладолед може да стане луксуз за многу туристи, без разлика на дестинацијата – било да е тоа во Германија, други земји или на одмор во Хрватска. .

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното