Пластичните кутии од сладолед, крем, путер или слично изгледаат многу практично, па затоа многумина не ги фрлаат откако ќе ја изедат целата содржина.
Прво убаво се мијат, а потоа се користат за остатоци од ручен, замрзнување на храна, чување храна во ладилникот.
Сепак, оваа практика го загрозува здравјето.
Имено, производителите гарантираат безгрижна употреба и консумација на сладолед кој е во кутија, но откако ќе се испразни, кутијата сепак мора да се фрли во ѓубре.
Тие се особено опасни доколку се мијат со топла вода или пак се загреваат во микробранова печка.
Дизајнирани се за во нив да се чува сладолед, затоа немојте во нив да чувате храна што има различен состав од сладоледот.
За оваа намена подобро да си купите специјални пластични садови направени специјално од пластика кои се безбедни за чување храна и кои можат повеќе пати да се користат.