Пожар утрово избувнал во производниот погон на фабриката „Бамби“ во Пожаревац.
Пожарот избувнал околу 8 часот, а пламенот го зафатил покривот на една од производствените хали, кој е направен од панели.
– Голем број пожарникари се на терен и гаснењето на пожарот е во тек – велат тамошните медиуми
По интервенција на пожарникарите, полицијата ќе спроведе увид и ќе ги утврди сите детали за овој случај.