„Готово е драги гледачи, она е кралица купатила“: Сергеј Варошлија во шок (ВИДЕО)

Денеска во емисијата „Мода“, модниот критичар Сергеј Варошлија по случаен избор на своите обожаватели додели маички со хаштаг #ќемипукнедушата.

Покрај тоа што им го направи денот на обожавателите, им го честита денешниот ден на сите просветни работници и им посака многу години успех, а на оние „професорки“ како што ги нарече тој, сакаат да изгледаат како пејачки, за нив ја повика на линија балканската дива Јелена Карлеуша.

Целото шоу, може да го погледнете во видеото подолу:

Сергеј Варошлија ја „растури“ на 1ТВ, ама само и ја качи цената, па Жаки-Блонд сега „растура“ на социјалните мрежи

Една од „модните мети“ на Варошлија беше и прилепчанката Жаклина Лина, или попозната како Жаки – „Блонд“, модел во неколку македонски видеоспота, едно време и ТВ водителка на „Естрада Плус“, инаку бивша девојка од зад шалтерот во една прилепска обложувалница, а сега хостеса во електронско мини казино.

Сергеј во една од своите „ТВ сеанси за модна демонтажа“ и се намерачи на Жаки – Блонд, па и буквално ја „растури“ на делови, кога се парчињата од нејзината гардероба, шминката, фризурата, комплетниот стајлинг во прашање…

„Косата како мачки да и ја тргале, како на река да ја перела со она за триење петици, не… како да ја перела во машина со варикина…“ – беа само дел од „комплиментите“ на „модниот гуру“ на сметка на прилепската барбика.

И кога сете мислеа дека Сергеј и ја „закопа кариерата“, види чудо: Варошлија можеби „ја растураше“ на ТВ, но со тоа изгледа дека само и ја качи популарноста, па Жаки – Блонд сега растура на социјалните мрежи.

Очигледен пример за непишаното правило: Зборувај за мене што сакаш, само кога веќе ме споменуваш, ставими подобра слика“! А Жаки-Блонд е слика и прилика за тоа!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното