Гоце Трајковски заврши во притвор, за што се бараше со потерница?

Гоце Трајковси спроведен е во притвор, откако денеска сам се пријавил во полициската станица Кисела Вода. За него имаше потерница, но полицијата не успеа да го најде.

Тој првично беше познат како клучен сведок во случајот на грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тој, заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, спроведувал паралелна истрага за пронаоѓање на девојчето, прибирајќи и прегледувајќи снимки од безбедносни камери.

Меѓутоа, во ноември 2024 година, Трајковски не се појави на судењето како сведок, при што неговата мајка, Кираца Трајковска, го оправда отсуството со наводни панични напади и висок крвен притисок.

Подоцна, беше откриено дека тој е осомничен за подметнување пожар во угостителски објект во скопската населба Кисела Вода на 13 ноември 2024 година, со што го загрозил животот на станарите во зградата. Поради ова, Трајковски стана недостапен за органите на прогонот и беше распишана потерница по него.

Според информации на 4NEWS.mk Гоце Трајковски освен како клучен сведок на судењето за Вања и Панче и предизвикувањето на пожар во Кисела Вода, се бара и за други кривични дела кои се во фаза на предистраги и истраги.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното