Граѓаните од вчера се жалат на студени радијатори, односно дека воопшто не функционира парното.
Од ЕСМ утрово велат дека се нормализира испораката на топлинска енергија во општина Центар.
„Во раните утрински часови, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени и исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. Вработените со сериозна посветеност и ангажман успешно ја завршија санацијата на магистралниот вод во текот на ноќта.
По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100“, велат од таму.