Груби: Нема амбасадор кој дошол кај мене, а не шутирал!

Вицепремиерот Артан Груби вчера на социјалните мрежи сподели фотографии на кои може да се забележи дека со неколку министри играат фудбал и кошарка во неговиот Кабинет.

Во врска со тие фотографии, Груби вели дека доколку тоа длабоко задира во чувствата, тој се извинува што играле фудбал и баскет.

„Јас сум спортски тип, согласно реорганизацијата на органите на државната управа, Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем. Но многу ми е интересно затоа што нема амбасадор кој дошол кај мене, а не шутирал кај мене. Тоа не беше скандал, ова е таа хистерија за селективна правда, само да се дефокусира од нешто. Дојде градоначалникот на Тирана, со пета даде гол. Јас дриблам“, вели Груби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното