Харадинај: Од Србија очекувам да го признае Косово како извинување врз албанското население

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја поддржува идејата на неговиот заменик, вицепремиерот Беџет Пацоли за заедничка средба на целиот политички спектар во Косово со земјите сојузнички во врска со дијалогот со Србија.

Харадинај изјави дека од преговорите со Србија очекува да резултираат со меѓусебно признавање, што би значело дека Белград на тој начин „би побарал извинување“ за злосторствата врз албанското население во Косово во минатото.

„Ми се допаѓа идејата на Беџет Пацоли за заеднички состанок. Зошто да не, една добра средба. Признавањето од Србија треба да дојде како барање извинување“, изјави Харадинај.

Извор: ТВ21