И дошле во двор и и кажале дека и е направена магија: Им дала пари и накит за да и помогнат, а тие си заминале…

На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица.

Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари.

Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.