И ја земал картичката на 86-годишна Англичанка која ја чувал во Охрид, а потоа и украл 1.700.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции.

Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното