Индонезиец заразен со коронавирус се маскирал во својата сопруга и се качил во авион

Еден човек заразен со коронавирус се маскирал во неговата сопруга и влегол во авион, но бил откриен дури откако авионот полетал.

Според медиумите, тој носел никаб, облека што ја користат жените во муслиманските земји за да ги покријат лицата, а со себе ги имал пасошот на неговата сопруга и нејзиниот негативен тест за коронавирус.

Имено, патникот бил позитивен на коронавирус и немало да може да лета. Сепак, неговата сопруга била негативна, па тој решил да се маскира во неа за да го фати авионот.

Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате, а можеби и немало да биде откриен доколку не се пресоблекол за време на летот.

Една од стјуардесите го приметила, односно дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот.

Биле повикани властите кои веднаш го уапсиле осомничениот. Бил извршен тест кој бил позитивен и веднаш е испратен во изолација во неговиот дом, каде го надгледува полицијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното