Изутринава во земјата се измерени температури над нулата, а најтопло беше во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Куманово каде се измерени девет степени.
Во Лазарополе е измерен еден степен, во Маврови Анови три, на Попова Шапка и Берово четири, во Тетово, Битола, Охрид, Претор и Дебар пет, во Струмица, Прилеп и Крушево шест, во Скопје-Петровец и Крива Паланка седум, во Штип, Дојран, Гевгелија и Демир Капија осум, во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Куманово девет степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.