Итна лидерска средба во „Вила Водно“, Пендаровски повикува на политичко обединување

Одлуките на Европскиот совет за недобивање датум за старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, не се согласно нашите очекувања, а ниту пак со претходните најави на унијата, изјави Претседателот Стево Пендаровски. Пендаровски додаде дека е неспорно оти земјава ги има исполнети сите предуслови за почеток на преговорите, но додава дека во овој момент не е непотребно да се обвинуваат одредени земји-членки на унијата.

Пендаровски, меѓу другото изјави дека независно од одлуките на Европскиот совет, договорите постигнати со соседите треба да продолжат да се споредуваат. Северна Македонија треба да продолжи со реформи и не треба да бидеме само формално членка во унијата, порача шефот на државата.

Пендаровски потврди дека е време за политичко обединување во името на иднината на земјата. Поради тоа ги повика сите лидери на партиите, да ги остават настрана политичките инаети и в недела на 20-ти октомври да одржат лидерска средба. Во меѓувреме сите лидери го потврдија присуството на закажана средба.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното