Вчера на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина двегодишно дете кое од Прилеп било донесено со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса.
Милена Стевановиќ, директорката на клиниката вели дека болеста почнала неполни 24 часа пред приемот на детето, кое било на педијатриското одделение во Прилеп каде ја добило иницијалната терапија и во консултација со инфектолог било упатено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето на Клиниката веднаш било однесено на интензивна нега, но болеста за жал заврши со смртен исход вчера во 18,15 часот, рече Стевановиќ.
Докторите велат дека детето имало многу тешка клиничка слика на болест предизвикана од бактеријата нисерија менингитис.
Епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Скопје веднаш го известил инфектологот од Прилеп по што било излезено на терен за да се преземат сите предвидени мерки според протоколот за вакви случаи. Се проверуваат сите лица кои биле во контакт со детето, се прави дезинфекција на санитетското возило со кое било превезено детето и болничките простории каде што било примено. Епидемиолозите се на терен и вршат дополнителни епидемиолошки истражувања за дезинфекција на домот каде престојувало детето.
Детето живеело во странство и било на привремен престој во Македонија. Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок конктакт.