Пожар зафати хотел во турскиот ски-центар Бол, при што загинаа 66 лица, а најмалку 51 беа повредени, соопштија властите.
Пожарот избувнал во 12-катниот хотел Гранд Картал во 3:27 часот по локално време (00:27 часот по Гринич), во време кога хотелот бил полн со гости, вкупно 234, поради празничниот метеж.
Heartbreaking news from Turkey!
At least 66 lives lost after a massive fire engulfed a popular ski resort in Turkey's Kartalkaya
.
.
.
.
.#Turkiye #Kartalkaya #GrandKartalHotel #WIONUncut #HotelFire #SkiResortDisaster pic.twitter.com/iZDafKQfay— WION (@WIONews) January 21, 2025
Досегашните информации за 10 загинати беа значително зголемени во часовите по пожарот, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Според турските медиуми, најмалку две лица загинале скокајќи од прозорец на хотел.
A devastating fire struck the Grand Kartal Hotel in #kartalkaya Ski Center, Turkey, on Jan 20
The blaze left at least 10 dead & 32 injured, with 234 guests present
2 victims tragically died after jumping from the building in panic#turkeyfire kartalkaya kayak merkezi pic.twitter.com/pnm5N8Znbk
— GlobeUpdate (@Globupdate) January 21, 2025
„Луѓето извикуваа од прозорците: „Спасете не!“
Иако пожарот го зафатил само хотелот Гранд Картал, превентивно е евакуиран и соседниот хотел, потврди гувернерот за турските медиуми. Ски инструкторот Неџми Кепчетутан за турската телевизија изјавил како успеал да побегне благодарение на доброто познавање на хотелот, додека гостите, кои не биле толку добро упатени, имале помалку среќа.
„Луѓето извикуваа од прозорецот: „Спасете не!“, бидејќи внатре имаше многу чад. Успеавме да извадиме 20 до 25 луѓе“, изјави тој за телевизијата НТВ.
Причината за пожарот се уште не е позната. Министерот за правда Јилмаз Тунч потврди дека обвинителите се задолжени за спроведување на истрагата за овој трагичен настан.
🔥🚒 Grand Kartal Hotel’de yangın merdiveni yokmuş.
🗣️ Hayatla ölüm arasındaki o ince çizgide feryat ederek yardım istediler: “Nereden çıkacağız? İnemiyorum. Yardım edin!” pic.twitter.com/hPex9MEeuT
— Turhan Bozkurt (@TurhanBozkurTV) January 21, 2025