Измамен Турчин во Гостивар, дал 2700 евра за сопругата да добие возачка но услугата не му била завршена!

На 21.03.2026 во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријави дека бил измамен од А.И. за сума од 2700 евра.

Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола.

Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту да му ги врати парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.