Судија во сојузната држава Флорида одлучи да го објави извештајот во случајот против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за мешање во изборите во 2020 година. Трамп е обвинет дека незаконски се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори.
Судијата, исто така, нареди сослушување подоцна оваа недела за тоа дали да се објави делот од извештајот во кој се обвинува Трамп за незаконско чување доверливи владини документи. Републиканецот беше обвинет дека незаконски ги чувал во собите во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. Новоизбраниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата за неколку дена, може да поднесе жалба на одлуката до повисокиот суд.