Многумина од нас не можат да ги замислат своите утра, па дури и попладневните часови, без шолја добро, силно домашно кафе.
Сепак, повеќето прават голема грешка кога прават кафе – додаваат кафе или го преливаат со свежо зовриена вода. Оваа постапка е погрешна бидејќи, според експертите, топлата вода може да го испржи кафето и на тој начин да му го промени вкусот. Најдобро би било кафето да го ставите во водата непосредно пред да зоврие или да почекате 30 секунди до минута по вриење, па дури потоа да се вари.
Исто така, се препорачува, поради честото појавување на бигор, вода од чешма со прочистувач или флаширана вода да се користи за варење кафе како и за пиење, а идеален сооднос е 70 грама кафе на 1 литар вода.
На вкусот и квалитетот на кафето влијае и местото каде што го чувате кафето. Имајќи предвид дека храната е чувствителна на влага, воздух и мириси, најдобро би било да ја чувате во херметички затворен сад кој ќе биде подалеку од фрижидерот и другите апарати преку кои кафето може да дојде во контакт со влага и мириса на храна. .