КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ПЛОДНИТЕ ДЕНОВИ: 6 симптоми укажуваат дека е време да имате бебе

Може да ги препознаете плодните денови следејќи го вашиот циклус и симптомите што се појавуваат. Плодниот период обично трае 6 дена и обично се јавува помеѓу 10-тиот и 14-тиот ден од циклусот.

Овие 6 симптоми покажуваат дека сте во плодни денови:

  1. Безбоен секрет

Безбојниот секрет, кој потсетува на белки од јајце, обично е првиот знак дека се наближуваат плодните денови. Во овој период се ослободува хормонот естрадиол кој поттикнува лачење на повеќе течност од вообичаено.

  1. Мрсна кожа, митесери

За време на плодните денови, кожата станува помрсна од вообичаено, па може да се појават митесери или акни.

  1. Треска

Температурата се зголемува додека телото се подготвува за оплодување. Јајце клетката се ослободува, количината на прогестерон почнува да се зголемува и ја зголемува температурата за 0,3 до 0,8 Целзиусови степени.

  1. Зголемено либидо и апетит

Ова се должи на зголеменото лачење на хормони. Жената се чувствува многу попривлечно и има посилна сексуална желба.

  1. Болка во долниот дел на стомакот

Блага болка во пределот на матката и јајниците е нормална во овој период од циклусот. Некои жени може да доживеат и грчеви. Ова е знак дека се случува овулација.

  1. Емоционална чувствителност и нервоза

Многу жени може да имаат промени во расположението за време на овулацијата.

Што ако не забележам никакви симптоми на плодни денови?

Доколку се обидувате да забремените, а имате потешкотии да ги одредите плодните денови, постојат тестови кои се користат за оваа намена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното