За да успее врската меѓу двајца, освен љубов и почит, потребно е и интимност, односно здрав сексуален живот? Што значи? Дека и двете страни се задоволни и среќни, дека водењето љубов не е само рутина, туку чин во кој подеднакво уживаат и двајцата. Како до сексуална хармонија?
Еве 7 златни правила:
Комуникација
Дијалогот е суштински за секоја врска. Добрата комуникација е основа на здрав сексуален живот. Важно е да кажете како се чувствувате, дали нешто ви се допаѓа или не, дали ви пречи… Не плашете се отворено да кажете дека нешто не сакате или јасно да ставите до знаење дека го сакате. Партнерот не може да ви ги чита мислите.
Предиграта е важен дел
Допирот е основата на која се гради човечката сексуалност. Предиграта е важен дел од сексот како најголем чин на интимност. Целта е двајцата партнери да уживаат, да го почувствуваат врвот на интимноста. Затоа посветете се на целото битие на саканата личност, а не само на гениталиите. Нека функционираат сите сетила!
Компатибилност
За задоволство на двајцата партнери клучно е довербата и доброто знаење, но и да имате слични желби и очекувања за да не секогаш едната страна би била незадоволна. Можеби е доволно едната страна да има интимни односи еднаш неделно, а другата да сака секој ден. Отворениот разговор е единственото решение во тој случај.
Направете промени
Кога парот живее заедно долги години, со текот на времето страста меѓу нив може да стивне, а интимниот чин да стане рутина. За да го одржите жив пламенот на страста, разбудете ја вашата имагинација, пробајте нешто ново и различно, менувајте улоги, смислувајте игри, менувајте места, изненадете го партнерот. Ќе бидете воодушевени од новите откритија.
Најдете време само за вас
Во модерните времиња полни со обврски и стрес, понекогаш може да биде предизвик да најдете време за интимност. Но, тоа мора да го направите за вашата врска да трае долгорочно. Оставете ги сите проблеми на врата и целосно посветете му се на партнерот – одете некаде надвор од градот, на состанок како порано, организирајте романтична вечер…
Компромис
Не се случува желбите на партнерот да се поклопат 100%. Ако мажот упорно се стреми само за сопственото задоволство, грижејќи се малку за задоволството на жената, тогаш постепено нејзината сексуалност може да исчезне. Затоа е потребно да го слушате партнерот, да внимавате на неговите потреби.
Граници
Сè што се случува во кревет меѓу двајца луѓе треба да се случи со договор. Љубовта не трпи насилство. Ако вашиот партнер предложи сексуално експериментирање, мора јасно да одговорите дали го сакате или не и кои се границите во тој случај.