Живот

Како да се облечете за -40: Жена покажува како се заштитува себеси и бебето од студот

Како да се облечете за -40: Жена покажува како се заштитува себеси и бебето од студот

Павлина Судрич, која живее во Вајтхорс, Јукон, канадска територија што се граничи со Алјаска, покажа каков е секојдневниот живот кога температурите паѓаат на екстремни минус 40 степени Целзиусови.

Во видео кое привлече големо внимание, таа откри како се облекува за да се заштити во такви временски услови, објавува N1 Загреб.

Нејзиното видео јасно покажува како слоевитото облекување е клучно за зачувување на телесната топлина на екстремно ниски температури.

„Како што можете да замислите, облекувањето на овој студ е клучно. Носам волнени хеланки и панталони со полнење од пердуви. Потоа облекувам синтетички основен слој и џемпер Улванг направен од чиста волна од Норвешка. Ќе забележите дека го носам околу 300 дена во годината“, објасни Павлина во видеото.

Таа додаде дека носи и пар тенки волнени чорапи, како и традиционални меки чизми, најчесто направени од животинска кожа. Својата комбинација ја комплетираше со посебни модни додатоци.

„Имам и ракавици од крзно од дабар, а бидејќи денес е особено ладно, носам јакна од фока што ја купив во Гренланд, каде што учествував на натпревар во скијање“, рече Павлина. Конечно, таа додаде уште два шала од мерино волна и крзнена капа.

Специјална заштита за бебето

Освен себеси, Павлина покажа и како го облекува своето бебе за излегување на екстремен студ. Таа објасни дека дури и тогаш се потпира на волнени слоеви, боди, џемпер, панталони и зимски комбинезон. Количката е дополнително заштитена со волнено ќебе, вреќа за спиење и специјално ќебе што ја задржува топлината.

Јукон, територија во северозападна Канада која се граничи со Алјаска, е позната по своите сурови зими, но и по својот уникатен начин на живот прилагоден на екстремни услови. Температурите од минус 40 степени не се невообичаени, а во текот на зимата, деновите често се скратуваат на само неколку часа дневна светлина.

И покрај ова, жителите на Вајтхорс и другите помали градови се навикнати на таков секојдневен живот. Градовите функционираат нормално и покрај снегот, училиштата и продавниците се отворени, а животот продолжува со јасни правила, добра опрема, подготовка и почитување на природата.

Јукон е познат и по својата недопрена дивина, северната светлина позната како аурора бореалис и силното чувство на заедништво меѓу неговите луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни