Каменос: Преспанскиот договор не важи ако не е потпишан од претседателот Иванов

Лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос, во интервју за грчата телевизија „Скај“, истакна дека договорот од Преспа е невалиден затоа што на него го нема потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

Тој истакна дека доколку претседателот на Грција Павлопулос го потпише, а истиот не биде потпишен од претседателот на другата страна, тогаш тоа е прекршување на Уставот, и тука Договорот не може да стапи на сила.

„Преспанскиот договор во Република Македонија е донесен со уставни измени. Кога претседателот на другата земја не се согласува со тој договор, тогаш не може да има меѓународен договор“, рече Каменос.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.