Кога ќе слушнете што има во кесичките чај, никогаш повеќе нема да ги користите!

Резултатите од истражувањето се шокантни.

Чајот се пие низ светот илјадници години, а многу ритуали се поврзани со овој пијалок.

Се вчитува...

Колку е здрав чајот, сигурно сме слушнале милион пати…

Сепак, многумина може да се предомислат кога ќе слушнат што има во кесичките со чај.

Верувале или не, во само 40 примероци, научниците откриле траги од дури 1.200 различни видови безрбетници. Зад себе оставаат траги на листовите од чаевите што ги јаделе или само ги поминувале.

Ова вклучува различни секрети, измет и надворешни слоеви на мртво ткиво.

– Она што не изненади, всушност, е огромната разновидност што ја откривме – вели генетичарот Хенрик Крехенвинкел од Универзитетот во Трир и додава:

– Во една кесичка зелен чај најдовме траги од дури 400 видови инсекти.

Истражувачите откриле траги од 3.264 видови безрбетници од примероци од чај и растенија, како и ДНК траги од лебарки, вошки, пајаци, пеперутки, муви, богомолки и други инсекти.

Крехенвинкел и неговите колеги се сомневаат дека толку голема разновидност во трагите се должи на начинот на кој се обработуваат растенијата: растенијата се мелат и фини ДНК материјал од сите делови на полето во кое се одгледува, кој се меша со растителен материјал кој потоа се пакува во торби.