Студија спроведена од професорот Џастин Лемилер од Институтот Кинси, анкетираше преку 4.000 луѓе на возраст од 18 до 87 години и откри што луѓето тајно сакаат кога станува збор за сексот.
Професорот заклучи дека меѓу фантазиите, сексот со неколку партнери е во преден план, пренесува сајтот „Psychology Today“.
Дури 87 проценти од жените и 95 проценти од мажите фантазираат за секс со повеќе партнери, најчесто за тројка.
Садо-мазо – потчинување
По книгата и филмот „Педесет нијанси сиво“, 96% од жените и 93% од мажите имаат фантазии за потчинување, па дури и за тортура. Интересно, „скоро сите испитаници ја имаа оваа фантазија“, тврди Лемилер.
Сексуални авантури
Ова вклучува орален и анален секс и други варијанти како што се секс на јавно место – парк, лифтови, барови. Исто така, фантазиите беа фокусирани на сексуални новини што не ги доживеале во реалниот живот.
Забранет секс
Воајеризам, егзибиционизам, фетиши – дури 60 проценти од испитаниците изјавиле дека размислуваат за ова.
Споделување партнери
Овие фантазии вклучуваат размена на партнери, гледање нечиј партнер со некој друг и емоционална и сексуална врска со повеќе партнери. Повеќе од две третини од учесниците на Лемилер пријавиле такви фантазии.
Страст и романса
Повеќето сексуални фантазии вклучуваат неограничен секс, но многу од нив се фокусираат на љубовта и чувството да се биде сакан. Страстите / романтичните фантазии беа врзани за одредени личности, иако честопати тие не беа редовни партнери од фантазијата, туку поранешни или недостижни личности.