Без маски и на 30 сантиметри еден до друг вчера се одржа концерт во спортскиот комплекс Борис Трајковски во Скопје.
Врие на социјалните мрежи од коментари и критики за тоа дека во сред пандемија на големо се организираат концерти во затворен простор без почитување на на ниту една од мерките против ковид-19.
Според наши информации, во спортската сала имало 5.000 лица, адури 70% биле под 18 години.
Еден од посетителите за 4NEWS.mk вели дека при влез им биле барани сертификати, но никој не ги скенирал ниту проверувал дали истите се валидни.
Инаку, МВР уапси неколку малолетници со дрога на истиот концерт.