Четкиte за заби се „трошат“ прилично брзо, особено ако ги миете забите барем двапати на ден, како што е препорачано од Американското здружение на стоматолози.
Редовното миење ја троши четката, па затоа нејзината замена е многу важна.
Американското здружение на стоматолози препорачува менување на четката за заби на секои три до четири месеци, а доколку сметате дека влакната на четката не се во „добра форма“ , заменете ја и порано.
„Четката за заби треба да се менува дури и кога сте болни, бидејќи на неа може да се најдат ешерихија коли, стафилококи и други бактерии, што ќе ја направи четката за заби нов дом“, истакна д-р Хедер Розен.
Таа исто така додаде дека има многу бактерии кои можат да останат на четката за заби, и затоа секогаш е најдобро да се менува после вирусни или бактериски инфекции.