Косово најави укинување на царината од 100 проценти за Србија

Можно е набрзо да биде укината царината од 100 проценти за српските произвои воведена во ноември најави Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри  Весели.

– Постои голем притисок од САД. Весели го поднесе својот план за укинување на царината за 20 дена, за да му се даде шанса на мирот. Се уште нема договор меѓу коалицијата, но верувам дека тоа ќе се постигне многу брзо. Заради интересите на Косово, премиерот Харадинај ќе го смени својот став, изјави Нурелари гостувајќи во емисијата „Арена“ на тиранската телевизија Ора њуз.

Во отсуство на официјална информација од оваа средба медумите објавија дека идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија и воведената 100 процентна царина за прозводите од Србија и од Босна и Херцеговина, биле тема на разговор и оти била „во служба на унифицирање на ставот на двете земји со Албанци“.

Извор: ТВ21