Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција посочи дека како Влада се грижат за најранливите.
„42.000 граѓани од најранливи категории, како што соопштивме со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки“, вели Ковачевски.
Тој вели дека заедно со членовите на Владата, особено од економските ресори, денот им започнувал и завршувал со мерките и следните чекори, планови и проекции за справување со енергетската криза.
„Се грижиме за Буџетот на државата работиме, одговорно и домаќински и што е можно повеќе ги кратиме непродуктивните трошења. Тоа го покажуваме и на дело, дел од средствата се пренасочуваат за поддршка на граѓаните, за антикризни мерки и во таа насока и ќе продолжиме да делуваме“, вели Ковачевски.