Кражба во новата зграда на Општина Струга, сторителот малолетник

Компјутери, лаптопи и друга техника била украдена ноќеска од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.

Полицијата утрово во 9 часот лишила од слобода малолетник, осомничен за кражбата.

– Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општина Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Малолетникот, додаде, е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.

– За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното