Курц: Овој вирус ќе остане присутен и за пет години

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека коронавирусот ќе остане, и тоа не само година дена.

Тој вели дека неговата влада на овој предизвик ќе одговори како и до сега со политиката „што повеќе слобода, ограничување колку што е потребно“.

„Овој вирус ќе остане. Ќе биде меѓу нас за година, за три, па и пет години“, констатира Курц за Servus TV.

Курц нагласува дека низ Австрија ќе бидат и понатаму применети „3Г правилата“ за уживање на слободата, а тоа се или сертификат за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.

„Локално, доколку е потребно, можно е додатно да воведеме задолжително носење на маски“, објаснува тој.

Вели дека ова 3Г правило е ефикасна мерка која спречува експлозија во бројот на заразени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното