Лепа Брена за прв пат во јавност по операцијата: Пееше седејќи, па ја изведе оваа акробација

Пејачката Лепа Брена по кратка пауза поради повреда на скочниот зглоб им се врати на деловните активности.

Таа синоќа за прв пат беше видена во јавноста по речиси три недели, откако ја скрши ногата на концерт во загрепската Арена.

Имено, Брена пееше на една прослава која ја покажа на Инстаграм, а за оваа прилика облече елегантен син костум од светки.

Без разлика на се уште свежата повреда, пејачката како и секогаш професионално си ја заврши работата, а за тоа говори и податокот што седеше во текот на целиот настап, потпирајќи ја ногата, која ја скрши и потоа ја оперира, на бокс. .

Како што можете да видите на објавите, зглобот на Бри се уште е отечен, но тоа не ја спречи да ја загрее атмосферата.

Брена по настапот успеа да изведе и акробација, со ногата во воздух, која исто така ја сподели со фановите.

Инаку, токму на оваа прослава придружуваше Здравко Чолиќ, кој го изведе и својот блок песни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното