СДСМ не го прифаќа предлогот на Мицкоски судијата Владимир Панчевски да застане на чело на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција.
Мицкоски вчера во интервју за Сител предложи Панчевски да го води новото обвинителство
Ме предлагаат или сум лош пример, јавно на социјалните мрежи праша судијата Панчевски
„Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите! “ – напиша судијата на социјалните мрежи.
Во ДУИ се на став дека политичарите не треба да предлагаат обвинители. Кога веќе лицитацијата е во тек, од ДУИ сметаат дека добро решение ќе биде новиот обвинтиел да биде етнички Албанец
Премиерот Заев минатата недела ја предложи обвинителката Вилма Рускоска за прв човек во новото обвинителство, а вчера го смени ставот и рече дека може да се разговара и за други кадри.
Власта и опозицијата се уште немаат договор околу новиот предлог закон за јавното обвинителство кој го состави Владата.
Според него, СЈО заминува во историјата а обвинителите преминуваат во новото обвинителство кое практично ќе биде проширување на актуелното Обвинителство за гонење на органзиран криминал и корупција на кое дополнително ќе му се даде буџетска независност.