Луѓето предупредија на опасноста, дроновите снимија застрашувачка сцена: Стотици предатори се кријат во плитките води

Стотици ајкули беа забележани во плитките води кај заливот Бајрон на источниот брег на Австралија, привлечени од јатата мали риби, известија локалните медиуми.

За време на викендот, локалното население снимало црни и сиви ајкули како кружат околу брегот и се хранат со јата риби.

Дронови го снимиле целиот настан

Снимка од плажата Талос, на која се гледа како ајкулите го истеруваат јатото кон карпите додека нуркачи се наоѓале во близина, брзо се прошири на социјалните мрежи.

Локалните фотографи, кои сцените ги снимиле со дронови, проценуваат дека во еден момент во водата имало повеќе од сто ајкули.

Стручњаците наведуваат дека ваквото однесување на морските предатори е природна појава, но предупредуваат дека морето не е безбедно за пливачи во такви услови.

„Луѓето треба да ја почитуваат природата“

„Луѓето мора да разберат што гледаат и да ја почитуваат природата, затоа што ајкулите имаат специфичен режим на хранење во вакви услови“, изјави еден од истражувачите на морската околина.

До вторникот, јатата мали риби се повлекле, а ајкулите речиси целосно исчезнале од плитките води, известија локалните извори.