Магла преку ден, врнежи од дожд кон крајот на денот

Променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.