Македонија над европскиот просек по бројот на автобуси – Албанија е регионален лидер

Северна Македонија има повеќе автобуси по глава на жител од просекот во Европската Унија. Според најновите податоци на „Еуростат“ за 2рот4 година, земјава располага со 2 автобуса на 1.000 жители, што е над европскиот просек кој изнесува 1,6.

Вкупниот број на автобуси и минибуси во земјава изнесува 3.690, што ја позиционира Северна Македонија во „златната средина“ на Балканот, но пред многу развиени европски земји.

Состојба во Европската Унија

На ниво на цела ЕУ, во 2024 година се регистрирани вкупно 737.142 автобуси и моторни возила за превоз на патници. Статистиката открива огромни разлики меѓу земјите членки:

  • Најмногу автобуси: Апсолутен рекордер е Малта со 4,6 автобуси на 1.000 жители, следена од Луксембург (4,0) и Естонија (3,7).
  • Најмалку автобуси: На дното на листата се наоѓаат Холандија со само 0,5 автобуси на 1.000 жители, Германија (1,0) и Австрија (1,2).

Каде сме во споредба со регионот?

Кога се анализираат податоците за соседството и поширокиот регион, сликата е шаренолика. Интересен е податокот дека Албанија има најгуст автобуски сообраќај во регионот.

Земји со повеќе автобуси од Македонија (на 1.000 жители):

  • Албанија – 3,8
  • Романија – 3,0
  • Бугарија – 2,8
  • Грција – 2,6
  • Црна Гора – 2,4

Земји со помалку автобуси од Македонија (на 1.000 жители):

  • Србија – 1,8
  • Хрватска – 1,5
  • Босна и Херцеговина – 1,3

Овие податоци укажуваат на тоа дека зависноста од автобускиот превоз во нашиот регион е сè уште висока, а Македонија стои подобро во однос на капацитетот на возниот парк во споредба со дел од поранешните југословенски републики.