Македонија назадува за 2 места од лани: Објавена листата на најмоќни војски!

Објавена е листата на најмоќните војски на светот, а истата може да се види на годишниот преглед на интернет-порталот „Глобал фајрпауер“ (ГФП) кој покажува дека први во светот се САД, додека пак веднаш зад нив се Русија, Кина, Индија, Обединетото Кралство, Франција.

Земјата во која моментално има инвазија, Украина пак е на 20. место.

На листата Македонија како воена сила е рангирана на 112-то место од 145, што значи назадување од две места во споредба од лани.

Од соседството пак, најдобро рангирана е Грција која се наоѓа на 30. место, додека Бугарија е 62. место, Србија веднаш после неа на 63. место. Хрватска е на 74. место, Словенија на 78. место, додека Црна Гора на 96. Косово е на 141. место на листата.

Финализираното рангирање на ГФП користи над 60 индивидуални фактори за да го одреди резултатот „powerindex“ на одредена нација со категории кои се движат од количина на воени единици и финансиска состојба до логистички способности и географија.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното