Државјанин на Македонија е најверојатно лицето кое загинало во силната експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во центарот на Белград, додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ, објавија српските медиуми. Според нивните извори, бомбата била наменета за ликвидација на нарко-дилер од Белград.
Иако првичните информации беа дека експлодирала плинска боца, истрагата брзо ја отфрлила таа можност. Експлозијата, која се случила на третиот кат од зградата, била толку силна што ги разурнала преградните ѕидови и подот на станот, ги искршила прозорците и оштетила неколку автомобили паркирани на улицата.
Српските безбедносни служби, вклучително и Безбедносно-информативната агенција (БИА) и Вишото јавно обвинителство, интензивно работат на случајот. Идентитетот на загинатиот сè уште официјално не е потврден, но сите индиции водат кон тоа дека станува збор за македонски државјанин.
Повикувајќи се на извори од истрагата, српски „Курир“ пишува дека целата операција е дел од пресметка на криминални групи поврзани со навивачки структури. „Оперативните информации укажуваат дека бомбата била наменета за дилер на дрога од Белград“, изјавил соговорник за весникот.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“
- 5.Свежи утра и умерени температури до крајот на седмицата