Денеска се одржа средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски најави активни мерки и соработка со албанската влада за подобрување на ситуацијата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија. Според него, клучна е економската состојба, бидејќи ако Македонците во Албанија имаат подобар животен стандард, нема да се иселуваат.
Љуфтим Спахиу, македонски амбасадор во Албанија, истакна дека македонците се соочуваат со агресивна асимилациска политика, но амбасадата продолжува да работи со албанските институции за да ги спречи овие активности. Спахиу најави повторување на иницијативите за отворање на Генерален конзулат во Корча и барањата за државјанства.
Претставници на македонските парламентарни партии во Албанија, како Лидија Петровска (ВМРО-ДПМНЕ), Методија Илиевски (СДСМ) и Димитар Апасиев (Левица), ги потврдија напорите за заштита на македонскиот идентитет и правата на малцинството во соседната земја.
На средбата беше презентирана предлог-стратегијата за заштита на македонското малцинство, која вклучува формирање на совет за поддршка и фонд за финансирање на македонски здруженија во Албанија. Оваа стратегија, поддржана од сите парламентарни партии, има за цел спречување на асимилацијата и зачувување на македонскиот идентитет.