Мал Шенген за подобар Балкан: „Правиме Балкан за 21 век, а не нова Југославија“

Заев, Вучиќ и Рама во Охрид постигна договор околу т.н „Мал шенген“. Балканските лидери негираат дека ова е нова Југославија, велат дека прават Балкан за 21. век.

„Србија, Северна Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите 6 земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките.“, рече Заев.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека овој план не е создавање на нова Југославија, туку земјите од регионот го прават тоа што го бара ЕУ, но овој пат сами.

„Кога ќе воведеме дежурства за инспекции на границите, побрзо движење на камионите, вкупната заштеда ќе биде 229 милиони евра. До крајот на оваа година Србија и Албанија ќе може да влегуваат и излегуваат со лична карта. Направивме нешто што е голема работа, а многу луѓе не го разбираат тоа. Господинот Рама е под притисок“, вели Вучиќ.

Албанскиот премиер во свој стил, по „Адидас“ патики беше присутен во Охрид. Тој посочи дека сите земји од регионот треба да бидат дел од  оваа иницијатива.

„Но, дозволете ми да го избегнам „слонот“ кој што е присутен тука со Косово. Тоа што соработува со Србија и Бих, не значи дека е сменето мислењето за Косово. Би сакале да се вклучат Косово, за да не се чека на границите. Да има слобода на движење на стока, услуги и луѓе низ регионот. Не ми одговара мини шенген. За овие метро деведесет никогаш не сум се чувствувал мал. Регионот губи милијарди евра заради вакви барикади. Не можам да бидам мини Југословен и голем Албанец“, рече Рама.

Иницијативата за т.н. Мал шенген наиде на критики во целиот регион, особено кај дел од бизнисмените, но и од неколкумина политичари. А синоќа се огласи и косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ја одби поканата за Охрид со образложение дека Косово не сака вакви замени за ЕУ.

„Следната средба на лидерите за „Мал шенген“ е закажана за 21 декември во Драч, каде ќе биде присутен и Џозеф Борел кој пак е наследник на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

ТВ 21 во Охрид, Јовица Пауноски.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното