Познатата Марија Шерифовиќ го одложи утрешниот концерт во Македонија.
Причината е големата трагедија која денеска го снајде Нови Сад.
„Мојата душа и моите молитви се со семејствата на жртвите и сите кои беа повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои планираа утре да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денес најмногу за Нови Сад“, порача Шерифовиќ.